Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОграбен манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Радишани

Ограбен манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Радишани

Изминатиов викенд во сѐ уште неутврдено време, непознат сторител извршил кражба во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во скопската населба Радишани, известува МВР.

Украдени се 1.500 денари, 30 шишиња масло и казан, со што крадецот се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 20.000 денари. Полициските служби трагаат по виновникот.