Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонОфицијално OnePlus 2 – Убедливо најевтиниот премиум смартфон

Официјално OnePlus 2 – Убедливо најевтиниот премиум смартфон

OnePlus 2 е вториот нинџа убиец, доволно моќен смартфон да се натпреварува во премиум класата, но и премногу евтин со цена од само 320 долари што ги зачудува сите како е постигната. OnePlus 2 носи повеќе подобрувања во однос на претходниот модел, но има неколку компромиси во сетапот, па затоа не може да се нарече директен конкурент на Galaxy S6, но затоа пак со останатата конкуренција може секогаш да влезе во дуел.

OnePlus 2 доаѓа со 5.5 инчен IPS LCD со резолуција од само 1080 x 1920 пиксели без примена на Quad HD стандардот што може да биде мало разчорување. Инаку хардверот е меѓу најдобро опремените со втората верзија на Qualcomm Snapdragon 810 процесорот со осум-јадра, има и 4 GB RAM, 32 GB меморија, подобрена 13 мегапикселна камера со широка леќа од 1/2.6″, како и значително поиздржлива батерија од 3300 mAh.

oneplus_2

За оперативниот систем употребен е Android 5.1 Lollipop кој во голема мера е прилагоден со OxygenOS UI интерфејсот. OnePlus 2 доаѓа со метално тело и дебелина од 9 милиметри, со убава естетика за око и солидни перформанси. OnePlus 2 наскоро ќе може да се порача онлајн по цена од 389 долари за верзијата од 64 GB.

Извор: telefoni.mk