Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаОфицијално: Македонија со двајца претставници во АБА лигата!

Официјално: Македонија со двајца претставници во АБА лигата!

Скопскиот кошаркарски клуб Карпош Соколи денес и официјално стана дел од регионалната АБА лига. „Соколите“ се вториот македонски тим кој ќе се натпреварува во оваа лига, покрај шампионот МЗТ Скопје, кој наредната сезоан исто така ќе учествува во јадранската лига. Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи, второпласиран во нашата лига, повик за учество во АБА лигата доби откако неколку тимови го откажаа учеството.

Првиот натпревар во АБА лигата ќе го одиграт на 1 октомври против словенечката Крка на гостински терен. Покрај во регионалната Јадранска лига Карпош Соколи следната сезоан за прв пат ќе настапува и во балканската БИБЛ лига. Новиот АБА лигаш ќе го предводи српскиот кошаркарски тренер Синиша Матиќ.