Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Ливерпул го доведе Клајн

Официјално: Ливерпул го доведе Клајн

Ливерпул и официјално успеа да го обезбеди потписот на Натаниел Клајн откако денеска Клајн потпиша петгодишен договор со „црвените“ од Ливерпул. Брендан Роџерс од поодамна сакаше да го доведе одличниот десниот бек на Саутемптон, а неговата цена падна поради фактот дека има само уште една година од договорот со „светците“, па Ливерпул го осигура неговиот трансфер за почетна сума од 10 милиони фунти, плус уште два милиони што тимот од „Енфилд“ би ги платил преку неколку различни клаузули.

Пресреќен сум што доаѓам во голем клуб како Ливерпул. Од првиот момент кога Ливерпул покажа интерес бев со став дека ќе сторам се за трансферот да се реализира, затоа мојата радост денеска е толку голема“ – изјави Клајн по потпишувањето на договорот.

 

nathaniel-clyne

 

Ливерпул влезе фуриозно на трансфер пазарот оваа година. Десниот бек е дури шесто засилување на Ливерпул летово, по ангажманите на Џејмс Милнер (Манчестер сити), Дени Ингс (Барнли), Адам Богдан (Болтон), Џо Гомез (Чарлтон) и Роберто Фирмино (Хофенхајм), додека клубот го напушти долгогодишниот капитен Стивен Џерард, а на добар пат е истото да го стори и Рахим Стерлинг.