HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниОфицијално: Тајсон Фјури се откажа од своите титули

Официјално: Тајсон Фјури се откажа од своите титули

Британскиот боксер Тајсон Фјури се откажа од титулите во ВБА и ВБО категориите, кои ги освои по победата над Владимир Кличко во ноември минатата година, за да се посвети на своето здравје. 28-годишниот Британец два пати ја одложи одбраната на титулата, а во септември се подложи на допинг тест каде покажа позитивен резултат за употреба на кокаин, кој како што признал му помогнал во совладување на депресијата.

“Не можам да ги заштитувам титулите во овој момент и донесов тешка и емоционална одлука формално да ги вратам појасите. Посакувам на следните претенденти се најдобро. Ми претстои последователен животен тест по битката на рингот со Владимир Кличко. Ќе се борам до крај”, изјавил Фјури.

Неофицијално, за титулата наскоро ќе се борат Кличко и Ентони Џошуа од Велика Британија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com