HomeДЕНЕШНАРепубликаОдржана седница на уставниот суд во Скопје

Одржана седница на уставниот суд во Скопје

114278527-39091

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата на политичката партија Движење БЕСА од Скопје за оценување на уставноста на член 196-б ставови 1 и 4 од Изборниот законик, Одлуката за отворање канцеларии на ДИК во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде ќе се спроведува пријавувањето и Јавниот повик за пријавување на граѓани чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, усвоен од ДИК на 25 јули годинава.

Според овој член од Изборниот законик, Државната изборна комисија имаше обврска да ги стави на јавен увид на својата веб страна и да спроведе медиумска кампања податоците за 39.502 лица, кои се предмет на проверка на избирачкиот список. Иницијативата беше отфрлена бидејќи одредбата не е веќе во правен поредок.

Судот не поведе постапка по иницијативата поднесена од Народно движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев, со која беше оспорен членот кој се однесува за оценување на уставноста на изборот на членовите на Ад хок телото за медиуми.

Според НДМ одредбата од Изборниот законик за избор на четири члена на Ад хок телото за медиуми од СДСМ, ДПА, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, не е во согласност со Уставот, бидејќи и другите партии не предлагаат членови за ова тело.

Според Судот во овој случај нема ништо уставно проблематично, поради што не поведе постапка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com