Tuesday, Aug 11, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдреден 30-дневен притвор за Игор Југ

Одреден 30-дневен притвор за Игор Југ

igor jug

30-дневен притвор му одреди судија на претходна постапка на обвинетиот Игор Југ по проширената истрага што ја отвори Обвинителството. Откако му заврши осумдневниот притвор што му беше одреден за учество во инцидентите на „крвавиот четврток“, Игор Југ беше однесен на распит во Обвинителството, а потоа во суд пред судија на претходна постапка, јавува Макфакс.

Обвинителството го товари за неовластено изработување на оружје и дека бил водач на групата која упадна во Собранието. „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против лицето И.Ј. за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од КЗ и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од КЗ, судија на претходна постапка го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопштија од судот.