Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеФото: Владата го одработи Денот на дрвото во 2 часот по полноќ, исечени дрвјата во кампусот на УКИМ

Фото: Владата го одработи Денот на дрвото во 2 часот по полноќ, исечени дрвјата во кампусот на УКИМ

Утрово социјалните мрежи беа преплавени од громорозниот чин на градежните екипи да ги исечат дрвјата на кампусот на УКИМ, позади Правниот факултет „Јустинијан Први“ со што би се овозможил простор за изградба на барокни образовни објекти на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура. Просторот е ограден со лимена ограда а предвидениот термин за поставување на камен-темелникот е на 20-ти месецов.

drvja ukim

Од Студентскиот пленум јавија дека точната бројка на исечени дрвја е 47, а ја истакнаа и необичната иронија на „одработувањето“ на Денот на дрвото со неопростливата акција на власта во 2.30 часот по полноќ.

drvja ukim3„Проблематичен е и изборот на барокниот стил, кој не се вклопува со веќе изграденото во кампусот. Сметаме дека е иронија да се гради барокна зграда за факултет за информатички науки. Самиот избор на барокот е длабока навреда на студентите кои се движечка сила во државата.“, изјави Орхан Сулејмани од Студентскиот пленум.