Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОдобрено спојувањето на Вип и Оне – Ова се условите

Одобрено спојувањето на Вип и Оне – Ова се условите

Со добивањето на дозвола од Комисијата за заштита на конкурецијата двата мобилни оператори Вип и Оне се споија во една компанија, со тоа што Телеком Австрија ќе добие контрола над операторот кој беше во сопственост на Телеком Словеније.

Комисијата исто така донесе заклучоци дека по настаната концетрација ќе дојде до одредени последици на пазарот на мобилни услуги и дигитална телевизија, па Вип и Оне како втор и трет оператор во Македонија се задолжени да создадат услови за влегување на нов виртуелен мобилен мрежен оператор. Определено е и во одреден период да нема промени на цените на телефонските услуги за корисниците.

Во делот на дигиталната телевизија и двете платформи Boom TV кој е во сопственост на Диги Медиа и Blizoo кој е во сопственост на Телеком Австрија ќе станат дел од иста компаниска структура. Нивна обврска ќе биде да достават директни ТВ услуги до крајни корисници, како и Pay per view сателитски програми.

Извор: telefoni.mk