HomeДЕНЕШНАПолитикаОдобрено блокирање на сметката на „Финзи“, следи истрага каде оделе парите

Одобрено блокирање на сметката на „Финзи“, следи истрага каде оделе парите

Судот го одобрил барањето на СЈО за блокирање на фирмата „Финзи“ која ја користеле осомничените во предметот „Трезор“ за набавка на опрема за прислушување со нереални цени и сомнителни додатоци преку кои се верува дека испумпале 800 илјади евра од буџетот. Директор на „Финзи“ е Коста Крпач за кој се сомнева дека се самоуби, но вистинското сопствеништво е многу замрсено со различни правни субјекти надвор од држава.

„Ова решение беше донесено по повод наше барање за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правното лице во случајот „Трезор“. Нашето барање беше прецизирано согласно укажувањата на судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, со што изразивме подготвеност за продлабочување на професионалната соработка со судот“, се вели во дописот на СЈО.

finzsi-sema

Инаку Коста Крпач се уште не е избришан од регистарот како директор на ова правно лице, бидејќи, за да се случи тоа, потпис треба да стават „анонимните“ газди од САД. На сметката на „Финзи“, заглавени се 650.000 евра, пари кои фигурираат како основачки влог на компанијата. Неизвесно е кој раководи со овие пари со оглед на тоа што сопственикот на „Финзи“ , фирмата Финзи ЛЛЦ се наоѓаат во Албани, САД, а управителот е починат пред речиси половина година, известува Призма.

Иако не е познато точно со што се занимавала оваа фирма, таа во 2015 година има пријавено приходи од над 1,5 милиони евра.

„Финзи“ е сопственик на фирмата „Нет прес ком“ ДООЕЛ, што го поседува порталот „Нетпрес“. Пред Коста Крпач, управител на Финзи беше Владислав Стајковиќ – брат на помошник-министерот за информатички технологии во МВР, Небојша Стајковиќ.

Владислав Стајковиќ е актуелен директор на фирмата Мобико (каде што сопственик е директорот на Телеком Жарко Луковски) и воедно е газда на НВСП.

НВСП, пак е сопственик Радио Слободна Македонија и Три телевизија ДООЕЛ Куманово, пренесува Призма.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com