HomeДЕНЕШНАРегионОДЛУКА: Санадер ќе го добие назад пасошот и ќе биде слободен човек

ОДЛУКА: Санадер ќе го добие назад пасошот и ќе биде слободен човек

Според хрватските медиуми, на Санадер, кој веќе три години е во притвор, ќе му биде вратен пасошот и ќе излезе без плаќање кауција.

Вонрасправниот совет на Жупанискиот суд во Загреб вчера го укина притворот на поранешниот хрватски премиер и шеф на ХДЗ Иво Санадер, кој веќе во текот на денот може да биде пуштен на слобода.

Жупанискиот суд така одлучи откако Уставниот суд заклучи дека Врховниот суд на Санадер незаконски му го продолжил истражниот затвор кога на 30 септември ја укина неправосилната првостепена пресуда во случајот „Фими медиа“.

Како што изјави неговата адвокатка Јадранка Слоковиќх, на Санадер ќе му биде вратен пасошот бидејќи не постои можност од бегство, а кога ќе се раздолжи во затворот Реметинац, тој може веднаш да излезе на слобода.

На одлуката на вонрасправниот совет на Жупанискиот суд незадоволната страна има право на жалба, но таа не го одлага извршувањето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com