Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОдлука на шеикот: Канцелариите во Дубаи без врата

Одлука на шеикот: Канцелариите во Дубаи без врата

Владарот на арапските емирати Дубаи, шеикот Мухамед Бин Рашид ал Мактоум, се уште е лут на директорот на јавните служби кој неодамна во ненајавена испекција во јавните администрации не најде никој на своите работни места, а со цел да спречи да не се повтори такво нешто, отиде чекор напред и нареди да се тргнат вратите од канцелариите.

Seik-f2

После ненајавената инспекција кога шеикот не најде никој од вработените во јавните служби на своите работни места, девет високи функционери добија отказ. Веста одекна ширум светот, но отказите не беа единствена мерка која ја презема владарот на Дубаи.

Во саботата беше објавена уште една видео снимка на која се гледа како шеикот објаснува дека е важно дека меѓу менаџерот и вработените не смее да има никакви бариери, за потоа да нареди да се тргнат вратите од канцелариите на раководителите, па дури и оние кои се од стакло, пренесуваат тамошните медиуми.