Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложено судењето за Диво насење

Одложено судењето за Диво насење

Судењето за Диво Насеље одложено за 20 јули. Адвокатот Насер Рауфи како причина за одлагањето на рочиштето ја наведе неподготвеноста на Обвинителството, тој пред новинарите изјави дека обвинението за предметот е целосно промашено.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека во текот на минатата недела од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција до судот доставиле барање за одложување на судскиот процес.

На последните неколку рочишта обвинитите го бојкотираа судењето и побараа од судијката да бидат отстранети од судската сала бидејќи не го признаваат Судот.

Во терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај во 2015 година загинаа осум припадници на безбедносните сили, а четириесетмина беа повредени.