Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложено судењето на Заев за „Поткуп“

Одложено судењето на Заев за „Поткуп“

Судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев е одложено за 27-ми јуни.

Адвокатите на Заев неговото неприсутво го оправдаа со негова средба во 10.30 часот со претставници од ОБСЕ по повод случувањата на 27.април, односно тепањето на пратениците од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ како и новинарите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на минатото рочиште пред новинарите изјави дека тој и адвокатите инсистираат да ги добијат копиите од ПИ мерките, бидејќи се сомневаат дека обвинителот и обвинителсвото од коешто што доаѓа ги имаат тие докази од прислушуваните телефонски разговори и видео снимки од разговорот со бизнисменот Иван Николов Сачевалиев од кој наводно барал поткуп.

Според обвинението, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 162.924 евра, односно по 2 евра од квадратен метар градежно земјиште во Струмица за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Едната половина, според обвинителството требало да биде за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Првото рочиште за предметот „Поткуп“ беше одржано на 25 јануари 2016 година.