Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложено рочиштето за „Тврдина 2“ за 26 септември

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“ за 26 септември

На барање на адвокатите на одбраната, рочиштето за случајот Тврдина 2 денеска е одложено. Како што рекоа адвокатите на одбраната, непосредно пред почетокот на судењето тие биле ангажирани и од тие причини побараа ова рочиште да се одложи.

Новото рочиште е закажано за 26 септември.

Грујевски е обвинет и во случаите „Таргет“ и „Тврдина 2“, кои СЈО ги спои во едно обвинение.

Тој беше и еден 18-те лица за кои СЈО бараше притвор, но судот го одби предлогот и му одреди мерки за претпазливост, односно му го одзеде пасошот и му наложи еднаш во неделата да се јавува во судот.

На претходното рочиште, кое се одржа на 23 мај, судијката Лидија Петровска ги прифати доказите на СЈО и за денеска закажа почеток на главната расправа, на која треба да бидат сослушувани сведоци.

Шестмината обвинети тогаш изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.