Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложено рочиштето за случајот „Јустиција“

Одложено рочиштето за случајот „Јустиција“

Судењето за предметот „Јустиција“ повторно одложено. Обвинетите и нивните бранители не се појавиле во Основниот суд во Битола. Ообвинети се 13 судии и стручни соработници од одделот за прекршоци на Основниот суд Скопје-1. Сите се товарат за кривично дело несовесно работење во службата. Следното рочиште е закажано за 24 март.

„Рочиштето не се оддржа затоа што дел од обвнетите и нивните бранители немаа уредна достава, а дел имаа оправдување за нивното отсуство“, рече портпаролот на Основен суд Битола, Милка Бизевска.

Случајот „Јустиција“ имаше три неуспешни случаи да почне во Кривичниот суд во Скопје, потоа Врховниот суд, во декември донесе решение процесот „Јустиција“ да го води Основниот суд во Битола.