Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложено рочиштето за „Ровер“, се чека Јанева

Одложено рочиштето за „Ровер“, се чека Јанева

Судскиот процес „Ровер“, во кој обвинет е и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, повторно е одложен, до март. Кривичниот суд чека специјалната обвинителка, Катица Јанева да се изјасни дали ќе го преземе овој случај. Ако Јанева донесе одлука Специјалното јавно обвинителство да го води предметот „Ровер“, овој судски процес ќе почне од почеток, по трет пат.

Бошкоски, на претходното судење изјави дека поседува материјал аудио-снимка и транскрипт снимени на УСБ од коишто наводно се гледа дека процесот е „полициско-политичка монтажа“. Материјалите ги даде на еден од своите адвокати за да ги достави до Специјалното обвинителство.

Љубе Бошкоски е осуден на затворска казна од 10 години и шест месеци за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Киро јанев.