Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложена расправата за жалбите за осудените во „Монструм“

Одложена расправата за жалбите за осудените во „Монструм“

Петчелниот кривичен совет на чело со Јово Вангеловски, во кој членуваат и судиите Џемали Саити, како судија известител, Ристо Катавенвски, Фаик Асани, Рахилка Стојковска и Шепнд Деваја како замена, ја одложи денешната јавна расправа по жалбите на осудените во случајот „Монструм“, за масакрот кај Смилковското езеро, заради отсуство на бранителот Насер Рауфи, јавува „Макфакс“.

Вангеловски не го прифати укажувањето на обвинителката Лилјана Спасовска, која побара седницата да се одложи на неопределено време, сè додека не се прибави дописот што го побарал Врховниот суд на шести април до СЈО за прибавување нови докази.

Вангеловски тоа барање го одби. Спасовска се повика на соопштение на веб-страницата на Врховен, во кое се тврдело дека СЈО не одговорило на барањето на највисокиот суд и не се достапни бараните списи. Таа смета дека Врховниот суд како највисок суд дека не е упатно седницата да ја одложи на толку кус рок, сè додека не се прибават сите факти.

Обвинителството треба да ги има предвид сите факти и сознанија што не ги знае. Вангеловски го одби ваквото барање и рече дека обвинителката има или погрешна, или делумна инфомација, за постоење на допис од СЈО, бидејќи тој не е во никаква корелација со овој предмет.

Доколку Обвинителството имало други сознанија, имало доволно време за да ги прибави и самото, бидејќи е странка во постапката. Предметот во Јавното обвионителство е од април лани и имало доволно време заклучно со денешниот ден да ги обезбеди потребните информации.

Инаку, на денешната јавна седница, не присустуваше и бранителот Ѓорѓи Настески, кој во меѓувреме заминал во пензија, додека од оштетените беше присутна само адвокатката Дафинка Ивановска, која е полномошник на семејството Тричковски.

Новиот закажан термин за судењето е деветти јуни во 11 часот.