HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОдлични вести за Јувентус!

Одлични вести за Јувентус!

Клаудио Маркизио во сабота конечно би можел да биде во составот на Јувентус за натпреварот од Серија А против Удинезе. Одличниот везист е надвор од терените уште од април кога доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото поради што ги пропушти последните шест месеци. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Маркизио најверојатно ќе биде во списокот на играчи, но натпреварот ќе го започне од клупата за резерви.

Ова е одлична вест за тренерот Максимилијано Алегри пред тешките предизвици кои го очекуваат тимот во следниот период, бидејќи после дуелот со Удинезе, следува двомеч со Лион во Лигата на шампионите, а измеѓу тешки средби со Милан на Сан Сиро и со Сампдорија и Наполи во Торино. Натпреварот Јувентус-Удинезе е на програма во сабота со почеток од 20:45 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com