Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОдигран одложениот меч: Монако триумфално во Дортмунд

Одигран одложениот меч: Монако триумфално во Дортмунд

Натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Монако кој синоќа беше одложен поради терористичкиот напад на автобусот на германскиот тим се одигра денеска, а заврши со победа на гостите од 3:2.

Монако успеа да се избори за важна победа така што ќе има предност на реваншот кој ќе се одигра во среда во кнежевството.

Домашните фудбалери очигледно потресени од случувањата вчера не можеа да се снајдат во првото полувреме. Покрај тоа на теренот гостите тргнаа подобро и успеаја веќе во 35. минута да имаат 2:0. Прво беше нереализиран пенал, а потоа после сомнителна ситуација Мбапе постигна гол во 19. минута. Тоа се случи само две минути после промашениот пенал.

Продолжението донесе иницијатива од Монако, а Бендер погоди во својот гол во 35. минута, па резултатот 0:2 остана и на полувреме.

Дембеле успеа да намали на 1:2 во 57. минута, но потоа во 79. минута Мбапе уште еднаш го матираше Бурки со што и донесе голема предност на екипата на Монако и најави триумф. До крајот на мечот Кагава намали на 2:3. Тоа се случи во 84. минута, па овој гол остави некаква надеж за „милионерите“ на реваншот за седум дена во Монако.