Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеОдбрано е најубавото место на светот кое треба да го посетите

Одбрано е најубавото место на светот кое треба да го посетите

Со најголем корален екосистам на светот Големиот Корален Гребен е еден од седумте светски чуда и се наоѓа на листата на УНЕСКО за заштено културно наследство. Оваа локација е избрана за најдобра дестинација на светот.

– Тоа е одмор што го доживувате еднаш во животот, а се споменува во вестите од неодамна поради избелување на коралите. Патниците треба да поитатаат, бидејќи набрзно ништо нема да остане – изјави Ерин Шилд, уредник на „Ју-Ес њуз“.

Поради зголемената температура на морето, дојде до масовно избелување на коралите, кажаа австралиски научници. Кога температурата се зголемува, тенките алги, наречени “zooxanthellae” се потиснуваат, поради што коралите стануваат бели.

mesto za patuvanje 2

Гренебот е долг 344.400 километри квадратни и вклучува 600 континентални острви, 3000 корални гребени и 150 природни крајбрежни острви.

“US News” анализираше повеќе од 250 дестинации, користејќи методологија која ги комбинира анализите на експертите и размислувањето на патниците.

Погледнете ја топ 10 листата на најдобри места кои треба да ги посетите:

1. Големиот Корален Гребен, Австралија
2. Париз, Франција
3. Бора Бора, Француска Полинезија
4. Фиренца, Италија
5. Токио, Јапонија
6. Куско, Перу
7. Лондон, Англија
8. Рим, Италија,
9. Њујорк
10. Мауи Хаваи