Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОдбрани новите младоженци за овогодинешната Галичка свадба

Одбрани новите младоженци за овогодинешната Галичка свадба

Традиционалната Галичка свадба која годинава ќе се случи на 12-ти јули, односно на големиот празник Петровден, веќе ги има новите галички зет и невеста.

nevesta galicka svadba

Како и секоја година, така и оваа е избрана двојка која пред се има галички корени. Годинава невестата е таа која по мајка си има галичка крв.

galicka2

Станува збор за Сандра и Александар од Скопје кои веќе се подготвуваат за големиот ден. Тие велат дека и претходно присуствувале на Галичка свадба, ја негуваат традицијата и се многу среќни што токму тие се галичките зет и невеста.

Покрај бракот што ќе го склучат на Галичник, Сандра и Александар во месец септември ќе прават уште една модерна свадба.