HomeДЕНЕШНАСкопјеОдбрани најдобрите угостителски објекти во Скопје

Одбрани најдобрите угостителски објекти во Скопје

index

Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите се спроведува по деветти пат, а плакетите на најдобрите, денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Чест и задоволство ми е да Ве поздравам сите и да Ви пожелам добредојде на деветтиот избор на најдобар угостителски објект, манифестација која традиционално се организира во Град Скопје, како и избор на најдобро кафуле кои работат на подрачјето на град Скопје, кој пак за прв пат годинава се организира од Град Скопје, Секторот за локален економски развој, во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата. Овие проекти произлегуваат од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2016 година, а целта од нивната реализација е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот. Тајните купувачи, ангажирани од SWOT Research ги завршија трите обиколки на 100-те угостителски објекти, како и 70-те кафе барови кои по случаен избор влегоа во трката за „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2016“ и избор на најдобро кафуле, по што следеше сумирање на резултатите, од кои ќе произлезат заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина. SWOT Research преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени 50-те ресторани, 50-те гостилници и 70-те кафе барови, според примарните критериуми: прв контакт, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храна (само за ресторани и гостилници) и завршен контакт, врз основа на кои тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми. Ме радува фактот дека оваа година има пораст на резултатите и кај рестораните и кај гостилниците, особено што кај рестораните е забележан највисок резултат во споредба со претходните 8 години. Според оценките најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе барови ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж, истакна градоначалникот Трајановски.

Годинава за најдобри три ресторани се избрани: 1. „Фиш“, 2. „Lyra“ (Лајра), 3.„Рагуза“, најдобри три гостилници се: 1. „Дукат“, 2. „Срна“ и на третото место се пласираше „Калцона“, а најдобри во категоријата кафе барови се: 1.„Скај бар Русија“, 2. „АБЦ кафе бар“ и 3. „Баду бар“.

Кристијана Ивановска Доревска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 30 септември за кафе баровите и од 1 до 31 октомври за рестораните и гостилниците, биле опфатени 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафулиња на територијата на Скопје. Спреведени биле вкупно 300 посети на гостилниците и рестораните, а во кафулињата имало 210 посети, односно секој објект бил посетен 3 пати.

Според истражувањето, од вкупно 100 угостителски објекти, 16 гостилници оствариле високи над 90% и 24 ресторани, и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, односно под 50 %.

Кога станува збор за кафулињата резултатите од истражувањата се со сегмент на средни, односно само едно кафуле остварило високи резултати над 90%, но радува фактот што нуту едно кафуле не остварило низок резултат, односно под 50%.

Како и изминатите години се оцениваа следниве стандарди:

– прв контакт (поздравување и упатување кон местото на седење, приоѓање на келнерот, поздравување);

– хигиена на објектот (чистота на простор, маси, чарчафи, столови, прибор, мени);

– тоалет (хигиена на простор и санитарии, бришачи за раце, заклучување);

– амбиент (осветлување, температура, миризба, музика);

– услуга на келнери (љубезност, проактивност, посветеност, однесување);

– општа услуга (асортиман,адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка);

– квалитет на храна ( свежина, количина, вкус)-само за рестораните и гостилниците;

– завршен контакт ( заблагодарување и отпоздравување).

Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина. Проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2016 година Во продолжение можеме да се присетиме на тоа како ги прават коктелите во Баду бар:

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com