HomeДЕНЕШНАСветОдбиено барањето за кауција на Авганистанката од насловната страница

Одбиено барањето за кауција на Авганистанката од насловната страница

4498706_avganistanka-f2jpg

Судот во Пакистан го одби барањето за кауција на зеленооката Авганистанка од насловната страница на „National geography“, која беше уапсена пред една недела поради сомнение дека фалсификувала лични документи. Како што соопштува пакистанскиот обвинител Мохсин Давар, судот го одбил барањето на Шарбат Гула, како причина наведувајќи го недостатокот на докази за нејзиното пакистанско државјанство.

Гула ги негираше овие шпекулации, тврдејќи дека пакистанското државјанство не го добила по нелегален пат. Таа стана славна како авганистански бегалец во 1984 година, кога воениот фотограф Стив Макари напарави нејзина фотографија која беше објавена на насловната страница на магазинот „National geography“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com