HomeДЕНЕШНАПолитикаОдбиено барањето на СЈО за иземање на судијката Петровска

Одбиено барањето на СЈО за иземање на судијката Петровска

Кривичниот суд го одби барањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за иземање на судијката Лидија Петровска која сметаат дека ќе биде пристрасна во предметот кој се води против припадници на Управата за безбедност и контраразунавање за уништување на класифицирани документи поврзани со прислушкувањето.

„Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое се одбива барањето поради тоа што не се основани причините за изземање на судијката, кои СЈО ги навело во своето барање“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com