Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОдбележување на меѓународниот ден на ретки болести

Одбележување на меѓународниот ден на ретки болести

Меѓународниот ден на ретки болести ќе биде одбележан денеска во организација на Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија. Годинашно мото на Меѓународниот ден е „Придружете ни се, да се чуе гласот на ретките болести“.

Целта на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретки болести, меѓународен настан во координација со Европската организација за ретки болести Еурордис, е подигнување на јавната свест за ретките болести и влијанието кои тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите и нивните семејства.