Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдбележани 114 години од смртта на големиот македонски револуционер

Одбележани 114 години од смртта на големиот македонски револуционер

Со панихида и положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев, денеска во црквата „Св. Спас“ беа одбележани 114 години од смртта на македонскиот револуционер.
Неговото вечно почивалиште го посетија владини и партиски делегации, институции, училишта, здруженија и граѓани. Сите испратија пораки идеалите на Гоце Делчев да се почитуваат и денес, особено во период на голема поделеност меѓу народот на политичка основа.