Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОдбележан денот на старите лица – Полни со живот

Одбележан денот на старите лица – Полни со живот

Први октомври се одбележува како Меѓународен ден на старите лица и по тој повод Здружението за меѓугенерациска солидарност заедно со Lions Kale Club, со подршка од Град Скопје и ЈСП им овозможи на возрасните да се забавуваат и дружат во манастирот „Св. Ѓорѓија“ во село Дељадровце.

stari lica zdruzenie

Манифестацијата е инспирирана од глобалниот повик за укажување на почит и соодветен однос кон старите лица „Полни со живот“ инициран од Велика Британија. Идејата на „Полни со живот“ е да го пренесе концептот на активно стареење.