Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОдадена почит за жртвите на катастрофалниот земјотрес

Одадена почит за жртвите на катастрофалниот земјотрес

Во Бутел На Градските гробишта, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје.

Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија и официјална делегација на Градот Скопје, делегација на Владата, делегација на Собранието, делегација на советот на Град Скопје, делегација од Министерството за одбрана, делегации од политичките партии, делегации од сите општини на Град Скопје, делегации од дипломатскиот кор во Македонија и делегации од здруженија на граѓани и други организации.

Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, како и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“,од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Вечерва во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.