HomeГИГА БАЈТСмартфонОд врвот до дното, по што ќе остане запаметен BlackBerry

Од врвот до дното, по што ќе остане запаметен BlackBerry

BlackBerry во доцните 90-ти важеше за еден од најмоќните и најпрестижните производители на телефони во светот со стабилен раст и огромен успех во бизнис сегменот, како и снабдувањето на светските политичари со безбедни телефони со непробојна комуникација.

blackberry-bold

Низ годините BlackBerry имаше повеќе многу успешни телефони кои надминаа бројка од 10 милиони примероци, но во „новата“ ера убедливо се наметна со Bold серијата која овозможи лесно и брзо праќање на мејл пораки со алфанумеричката QWERTY тастатура, пристојната камера, квалитетниот интерфејс кој беше интиутивен и лесен за користење, како и супер издржливата батерија.

blackberry-bolds

До 2011-та BlackBerry Bold смартфоните стигнаа до 85 милиони корисници, но со се поголемата закана на Apple и Samsung тотално го промаши развојот на индустријата и не ја видоа визијата дека иднината лежи во екранот на допир и напредните апликации кои ги понудија Android и iOS.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com