Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионОд вечерва цела Грција под блокада

Од вечерва цела Грција под блокада

Од вечерва цела Грција под блокада. Синдикатите ќе штрајкуваат против економските мерки кои владата на СИРИЗА ги договори со доверителите во очекување на транши од финансиска помош. Уште денеска се одржуваат првичните протести, кои го погодија транспортот.

Запрено е движењето на фериботите и товарните бродови. Се пропуштаат само ониа за трансфер на прехранбени производи кон островите. Сите морски врски ќе бидат прекинати на полноќ. Летовите кон внатрешните аеродроми на Грција се откажани поради прелиминарните четиричасовни протести на вработените во цивилната авијација.

Од денеска почнаа и протестите на железничарите. Се движат само возовите по главни насоки. На полноќ тие исто така ќе престанат. Вкупниот синдикат на Грција најави целосна блокирање на земјата утре со протести како на државните службеници, така и на вработените во приватниот сектор.

Незадоволството е против преземените драстични мерки од владата и парламентот кои треба да бидат исполнети за Грција да добие транши од финансиската помош. Синдикалците на СИРИЗА повикуваат на масовен штрајк, како и на масовни протести против политиката на Европа кон Атина.