HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОд Јуве потврдија, ќе му понудат договор на Белгиецот!

Од Јуве потврдија, ќе му понудат договор на Белгиецот!

Генералниот директор на Јувентус потврди дека сака да го доведе Витсел во наредниот трансфер период. Сите го видевме белгискиот репрезентативец, Аксел Витсел, веќе во редовите на Јувентус во последниот ден од трансфер периодот. Сепак, трансферот не се случи бидејќи Зенит одлучи да го задржи до крај, иако можеа да добијат голема количина на пари и покрај фактот дека неговиот договор истекува во 2017 година.

„Имаме цел да ги следиме сите фудбалери за кои сме заинтересирани. Витсел е лесен плен, му истекува договорот наредната година и ќе му понудиме договор во јануари или во јуни“, изјави Марота. Витсел беше критикуван годинава во Русија, велат дека е далеку од своето препознатливо ниво, а причина за тоа е токму тоа што не му беше дозволен трансфер во Јуве. Сепак, се чини дека желбата ќе му биде остварена, со тоа што Зенит сега нема да добие пари за него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com