Wednesday, Nov 22, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеОд утре почнува исплатата на субвенции за купен велосипед во Центар

Од утре почнува исплатата на субвенции за купен велосипед во Центар

velosipedi

Општина Центар информира дека од утре почнува исплатата на субвенциите за секој купен нов велосипед. Година се предвидени субвенции за вкупно 1.111 велосипеди.

– До овој момент, вкупно 510 граѓани аплицирале за финансиска поддршка за купување нов велосипед, соопшти општина Центар.

Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, треба да достави копија од лична карта со која потврдува дека е жител на општината, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциската сметка.