Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје„Од убиство на животни до убиство на луѓе има само еден чекор“

„Од убиство на животни до убиство на луѓе има само еден чекор“

Претставници на здруженијата за заштита и љубители на животните денеска напладне на плоштадот Македонија одржаа протест против изживувањето врз бездомните животни. Тие носеа транспаренти со пораки: „Од убиството на животни, до убиство на луѓе има само еден чекор“, „Правда за животните!“, „Убивате бездомни кучиња, да смеете ќе убивате и луѓе“.

Поголем број од демонстрантите дојдоа со своите домашни миленици. Протестот се одржува под мотото „Градот хуман пак ќе никне“, а организатор е Здружението за заштита на животните Анима мунди. Од Плоштадот Македонија, протестот продолжува пред Градското собрание. Таму тие ќе ги повторат своите барања.
protest anima mundi 2
– Итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, а ветеринарите да бидат казнети за нехумано убивање во стационарот,

– Влез на активистите за заштита на животните во Вардариште како овластено тело за надзор на спроведување на Програмата на град Скопје,

– Отпуштање на дел од вработените во Вардариште препознатливи по нехуманоста кон кучињата

– Прекин на самоволното заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња,

– Забрана за заловување на малите кутриња, кои не се предмет на Програмата,

– Овозможување на граѓаните да си ги повлекуваат локалните миленици од стационарот

– Инспекторите на Град Скопје да запрат со изживување врз сопствениците на миленици и оние кои се грижат за животните,

– Најстроги казни за инспекторите кои ги надминале законските овластувања,

– Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори на пријавите и да изрече соодветни и казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

извор:Новатв.мк