Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас„Од тебе зависи“ животната средина, имаш ли решение?

„Од тебе зависи“ животната средина, имаш ли решение?

Објавен е вториот конкурс „Од тебе зависи“ на кој може да учествуваат сите со свои иновативни и креативни проекти насочени кон кревање на свеста за екологијата, климатските промени и заштитата на природната средина.

Kлиматски предизвик е објавен од страна на Програмата за развој на ОН (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од 10,000 американски долари, од кои 1,000 ќе бидат доделени како парична награда, додека 9,000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип на решение. Ова вклучува технолошка поддршка, менторство и помош во изнаоѓање на партнери кои би можеле да бидат заинтересирани за усвојување на решението или за финансирање на неговиот понатамошен развој.

На минатогодишниот климатски предизвик пристигнаа повеќе од 130 иновативни предлози од граѓаните. Двете победнички идеи – паметни влошки за обувки кои може да служат за полнење на телефони, како и серија на вирални видео клипови со цел подигнување на јавната свест за климатските промени – се веќе успешно развиени во прототипи.

Електронската апликацијата за конкурсот може да се најде на: http://odtebezavisi.mk

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1. јуни, 2016 година.