HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОд чувар во Идризово до затвореник во Шутка – одгледувал марихуана и чувал арсенал оружје

Од чувар во Идризово до затвореник во Шутка – одгледувал марихуана и чувал арсенал оружје

marihuana

Вработен во КПУ „Идризово“ одгледувал марихуана во својот дом, а неовластено држел и оружје и експлозивни направи, заради што одреден му е едномесечен домашен притвор.

Имено, при преземањето мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога во казнено поправните установи, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога е дојдено до сознание дека пријавениот Г.С.(40), вработен како надзорник во КПУ „Идризово“, во втората половина од 2016 година неовластено набавил семенски материјал од Канабис, кој го насадил и одгледувал во својот дом во населба Долно Лисиче.

Со оглед на тоа дека Г.С., досега не е кривично пријавуван и е новопројавено лице од областа на недозволената трговија со дрога, Единицата за недозволена трговија превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на добиеното сознание и обезбедување на материјални докази

По потврдување на сознанието и со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во куќата во која живее сега пријавениот при што се пронајдени 21,62 грамови марихуана, три експлозивни направи (една бомба кашикара и две парчиња динамит), еден метален детектор, две парчиња огнено оружје-пиштол и една кутија за чување на огнено оружје со прибор за одржување на истото.

Од извршеното вештачење на експлозивните направи е утврдено дека станува збор за две парчиња динамит (тринитротолуен и амониум нитрат) додека за пронајдените пиштоли е покрената управна постапка за одземање, бидејќи едниот е службен пиштол во сопственост на КПУ „Идризово“, а другиот пиштол е лична сопственост на Г.С. и истиот го поседува со дозвола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com