Од Стокхолм до Хелсинки за само 28 минути преку Hyperloop
Иновативниот транспортен концепт Hyperloop постои голема шанса да започне да се гради во Шведска и Финска поврзувајќи ги двата главни градови Стокхолм и Хелсински меѓу кои ќе се патува за само 28 минути. Според планот на Hyperloop One инвестицијата ќе вреди 20 милијарди долари, а ќе се исплати по 10 години од продажбата на карти и зголемениот број на патници.
Изградбата на системот за транспорт Hyperloop ќе овозможи и раст на локалната економија поради побрзиот транспорт на производи со што може да се отворат повеќе работни места во трговијата. Проектот може да биде финансиран од владите на Шведска и Финска кои сигурно ќе сакаат да бидат пионери во Европа.
Извор: telefoni.mk