Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимОд сонцето можете да се заштитите и преку храна

Од сонцето можете да се заштитите и преку храна

Со оглед на високите температури, освен носењето лесна облека и заштита од сонце со различни препарати од сонцето можете да се заштитие и преку храна. Својата исхрана збогатете ја со намириници кои ќе ја заштитат вашата кожа од сончевите зраци. Верувале или не, такви намирници навистина постојат. Еве неколку од нив:

Домати

Доматот слободно можете да го наречете природна крема за сончење која ја мачкаме внатре во организмот. Истражување кое било спроведено над група жени на возраст од 21-47 години покажало дека жените кои во рок од три месеци јаделе  по 4 лажици сос од домати со маслиново масло, биле позаштитени од сонцето за разлика од оние кои конзумирале само маслиново масло

LUBENICAAAA

Лубеница

Лубеницита освен што освежува штити од црвенила и изгореници. Конзумирајте ја што почесто, бидејќи освен за заштита од сонце помага и за хидратација на целиот организам

Морков

Не само што штитат од сонцето туку и влијанието на сончевите зраци го насочуваат во ваша корист. Според истражување спроведено во Кореја во кое на група жени во рок од три месеци им биле давани по шест моркови резултатите биле многу изненадувачки. Кожата не само што била заштитена туку на некој начин била и обновена

Зеленчук со зелена боја

Сигурно веќе знаете дека разнобојноста во вашиот тањир е од исклучително значење. Што потемни бои, подобро здравје и заштита од сонце. Изберете темно-зелени намирници како што се брокулата и спанаѓот.

 

 

Освен овие намирници, за заштита од сонце ова лето ќе ви помогне и конзумирањето на киви, свежи јаболка, јагоди, зелен чај и црна чоколада