HomeГИГА БАЈТСмартфонОд следната година батериите ќе ги полниме за само пет минути

Од следната година батериите ќе ги полниме за само пет минути

charging-phone-overnight-shutterstock-214328533

Компанијата „Куалком“ претстави нова генерација на технологија за брзо полнење на батерии, која на корисниците ќе им овозможи за само пет минути да ги наполнат своите паметни телефони, кои потоа би можеле да издржат дури и до пет часа.

Технологијата „Квик чарџ 4“ ќе биде интегрирана во наредната генерација на процесорот „Снепдрегон 835“ од „Куалком“ кој на пазарот ќе се појави во текот на следната година, па може да се очекува дека помоќните телефони од 2017. ќе го имаат токму овој процесор и оваа опција.

Ваквото брзо полнење ќе користи алгоритам што управува со полнењето на батеријата со цел истата да трае подолго и да не се загрева, каков што беше случајот со батеријата на „Галакси Ноут 7“.

Во споредба со претходната генерација на „Квик чарџ“, полнењето на батеријата ќе биде за 20 проценти побрзо, додека пак ефикасноста на батеријата ќе се зголеми за дури триесет проценти, што значи дека батеријата која ќе работи со „Снепдрегон 835“ ќе може да издржи час или два подолго.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com