Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОд Пржино до Вашингтон, Груевски брилираше кај Бајден

Од Пржино до Вашингтон, Груевски брилираше кај Бајден

Премиерот Никола Груевски на негова иницијатива оствари средба со американскиот претседател Џо Бајден со што си ја зацврсти својата позиција на политичката мапа и со наведените заложби за членство во НАТО и ЕУ доби поддршка како стратешки партнер. На средбата се разговарало на повеќе теми, од кои најважна за наредниот период ќе биде спроведувањето на договорот од Пржино и организирање на слободни и фер парламентарни избори. gruevski bajden

„Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економската соработка, за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со Америка, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нас во иднина”, изјави Груевски по средбата, а пренесе Курир.

Посетата во Вашингтон е еден од подобрите политички потези на премиерот Никола Груевски во последно време бидејќи им даде јасен сигнал на западните сили дека останува цврсто зад заложените интеграции во НАТО и не дозволи големо мешање од ЕУ со најавениот засилен дипломатски притисок кој започна со посетата на европратениците Ховит, Вајгел и Кукан а, ќе продолжи со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан.