Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд полноќ горивата поевтинуваат

Од полноќ горивата поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои значително се намалуваат. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС­95 и на ЕУРОСУПЕР БС­98 се намалуваат за 3,50 ден/лит и од денес на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС­95 ќе изнесува 67,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС­98 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д­Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ­1) се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д­Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ­1) изнесува 39,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М­1 НС се намалува за 2,404 ден/кг, во однос на цената
утврдена согласно Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на М­1 НС изнесува 23,287 ден/кг.