Saturday, Mar 25, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд полноќ бензинот поевтин за половина денар, дизелот за еден

Од полноќ бензинот поевтин за половина денар, дизелот за еден

Регулаторната комисија за енергетика одлучи бензинот да поевтини за половина, а дизелот за еден денар. Литар ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР 98 за 63 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 42,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари за литар. Цената на мазутот М-1 се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.