Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд ноќеска дизелот поевтинува, бензините без промена

Од ноќеска дизелот поевтинува, бензините без промена

Малопродажните цени на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека цената на бензините останува непроменета, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката литар еуродизел од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 48,5 денали, додека додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. За 1,5 денари поевтинува мазутот М-1 НС, со што новата цена изнесува 19,257 денари за еден килограм.

Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 остануваат непроменети, односно и натаму ќе се продаваа по 62,50 ден/лит и по 64,50 ден/лит.