Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОд недела нема политички реклами во медиумите

Од недела нема политички реклами во медиумите

Црната кампања на политичките партии сопира во недела. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска соопшти дека од недела од полноќ стапува во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање на телевизиите, печатените и на електронските медиуми.

Според агенцијата, забраната е во согласност со Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во април 2016 година.