Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузеј,,Од кујната на Масин" – изложба во Охрид

,,Од кујната на Масин" – изложба во Охрид

За сите љубители на уметноста  во нејзината сестрана и креативна смисла вечерва во Куќата на Уранија во Охрид вечерва ќе биде отворена изложбата „Од кујната на Масин“

На изложбата ќе бидат претставени 30-тина керамички чинии кои сликарот Мирослав Масин ги изработувал сам, во кичевското село Вранешница, и на кои дополнително интервенирал со своите препознатливи мотиви.

Изложбата вечерва  во 20 часот ќе ја отвори  Драги Филевски, раководител на ликовната колонија „Де Ниро“ во Битола.

Делата на Масин во Куќата на Уранија ќе бидат изложени се до 18 август