Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд Кичево до Лин во Албанија ќе се патува со воз

Од Кичево до Лин во Албанија ќе се патува со воз

Инфраструктурата на „Железници“ ќе се збогати со поврзување на уште една важна точка со соседна Албанија преку новата 63 километарска пруга која ќе се гради од Кичево до градот Лин.

Изградбата на оваа железница според информациите од Министерството за транспорт и врски ќе чини 10 милиони евра, а проектирањето треба да заврши најкасно во 2018 година. Македонските власти се надеваат дека пари за овој значаен регионален проект ќе се обезбедат од ИПА фондовите.

Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија треба да заврши најдоцна до 2020 година.