HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОд ФИФА најавија големи промени за Светското првенство 2026 година

Од ФИФА најавија големи промени за Светското првенство 2026 година

Раководството на ФИФА синоќа го претстави новиот формат за светските првенства. ФИФА има намера на мундијалите да учествуваат дури 48 репрезентации, со тоа што најслабите 16 би отпаднале уште по воведниот натпревар.На досегашните првенства учествуваат по 32 екипи. ФИФА новиот формат на натпреварување планира да го воведе за првенството во 2026 година, а иако досега се шпекулираше со бројка од 40 екипи, предлогот за измени опфаќа 48 репрезентации.

Поради дополнителните 16 екипи, ќе се играат 80 натпревари место 64, што би ги зголемило приходите од телевизиските права.Сепак, за новиот формат на натпреварување и за процесот за доделување на организациајта на првенството во 2026 година, ФИФА треба да одлучува на 13 и 14 октомври во Цирих.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com