Saturday, Mar 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаОд денеска започнува Богородичниот пост

Од денеска започнува Богородичниот пост

sveta Bogorodica

Богородичните пости секоја година започнуваат на 14 август (св. 7 мч-ци Макавеи) и траат до 28 август (Успение на Пресвета Богородица). По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена.

Овој пост е востановен во чест на Преображението Господово и Успението на Пресвета Богородица и се пости: во понеделник, вторник, среда, четврток и петок се пости без зејтин, во сабота и недела се пости со зејтин, а на празникот Преображение се јаде и риба.

До празникот Преображение, пред да започне постот и за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од празникот Преображение, кога и се благословува овошјето веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.

Ова е што се однесува за телесниот пост, но никако не смееме да го заборавиме и духовниот пост. Да се молиме, посебно на Пресветата Богородица за време на овој пост, читајќи го Нејзиниот канон, да вршиме добри дела и задолжително да се исповедаме за да можеме што поочистени да ги примиме Светите Христови Тајни.

Дните на Богородични пости да ни минат во чистота на срцето, добромислие и доброделие!