Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд денеска забрана за увоз на месо од Словенија, Црна Гора, БиХ

Од денеска забрана за увоз на месо од Словенија, Црна Гора, БиХ

Од денеска увозот на животни, месо и јајца од Црна Гора, Словенија и Босна е забранета. АХВ ја спушти трговска граница за овие држави поради болеста син јазик.

Словенечката управа за храна и ветеринарство открила две животни заболени од син јазик, додека во Црна Гора состојбата е алармантна. Оваа држава до 22-ри август регистрирала 177 заразени животни од син јазик и 532 животни заразени од јазлеста кожа.

Годинава од Република Словенија и од Црна Гора, во земјава не се увезени живи животни кои се приемчиви на болеста Син јазик. Од Словенија увезени биле 1.103.105 килограми месо и месни производи и 1.266.560 килограми млеко и млечни производи. Од Црна Гора увезени биле 72.155 килограми месни производи. Додека увозот на млеко и млечни производи од Босна и Херцеговина годинава изнесувал 937.878 килограми, а на месо и преработки од месо 841.830 килограми.

Не се пренесува од животно на животно и не постои ризик по здравјето на луѓето, сепак јадењето заразено месо може да биде опасно. Во Македонија нема евидентирано грло заболено од Син јазик. Болеста син јазик последен пат во земјава беше регистрирана во 2014 година во беровскиот крај, а потоа се прошири и во штипскиот, радовишкиот, кочанскиот и во овчеполскиот регион. Тогаш угинаа околу 18.000 животни и им направи огромни штети на сточарите. Додека болеста јазлеста кожа беше актуелна во мај годинава кога Србија забрани увоз на месо и животни од Македонија.