HomeДЕНЕШНАПолитикаОд денеска стартуваат митинзите – еве од кои градови тргнуваат партиите

Од денеска стартуваат митинзите – еве од кои градови тргнуваат партиите

miting-vmro-dpmne

Од денеска започнуваат кампањите на политичките партии за изборите, и во наредните дваесет дена, низ државата ќе кружат караваните на партиите кои ќе се обидат да соберат што е можно повеќе гласови. ОД Државната изборна комисија потсетија дека до завршувањето на изборите, односно до 12 декември е забрането рекламирањето финансирано од држваниот буџет односно од Владата.
miting-sdsm
Еве од каде стартуваат митинзите

ВМРО-ДПМНЕ традиционално, изборната кампања ќе ја започне со митинг во Охрид.

Опозициската СДСМ, за разлика од досегашните избори годинава тргнува од Прилеп.

ДУИ вчера ги претстави носителите на листите во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а официјалниот почеток на кампањата е денеска во кумановско Липково.

„Коалицијата за промени и правда“ исто така почнува денеска во скопскиот хотел Континентал.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја стартува кампањата од Охрид, но митингот е закажан за утре и нема да се поклопи со оној на ВМРО-ДПМНЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com